Кошарка Спорт

Почнува финалето: МЗТ против Пелистер за шампионската титула

Денеска од 18 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје започнува финалната плеј-оф серијата во Првата кошаркарска лига помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер. „Аеродромци“ ја бранат титулата, додека битолчани ја бркаат својата прва круна во историјата.

МЗТ и Пелистер имаат десет дена одмор за добро да се подготват за финалната серија, која започнуа денеска. Се игра до три победи, односно по системот 2-2-1. Тоа значи дека Скопјани се домаќините на првите два натпревари, а следните два се играат во Битола. Доколку резултатот биде 2-2 во победи, решавашкиот петти дуел ќе се игра во „Јане Сандански“ во Скопје, бидејќи МЗТ беше прв во регуларниот дел од сезоната.

„Металците“ во плејофот немаат пораз, односно Кожув и Работнички ги совладаа со по 2-0. Пелистер пак од друга страна загуби само еднаш и тоа во четвртфиналето од Феникс, а потоа го мина ТФТ Скопје со 2-0.

Тренерот на МЗТ, Васко Атанасов очекува неизвесна серија со големиот ривал.

„Домашниот терен носи значајна предност, а улогата бранител на титулата е обврска да се даде сѐ од себе. Очекувам голема поддршка од трибините и победнички старт на финалната серија, со што ќе го најавиме освојувањето на јубилејната десетта титула“, вели Атанасов, кој сезонава е третиот тренер на шампионот по Александар Петровиќ и Дараган Николиќ.

Сезонава на двата меѓусебни натпревари во регуларниот дел од првенството два пати славеше МЗТ, а во ланската финална серија скопјани славеа со 3-1 во победи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе