Ракомет Спорт

Драган Начевски привремено суспендиран од ЕХФ

Европската ракометна федерација, ЕХФ, денеска привремено го разреши Драган Начевски од должноста раководител на натпреварувачката комисија поради наводна инволвираност во местење на натпревари. Извршниот комитет на ЕХФ се реши на ваков потег поради мерка на претпазливост по добиените докази од данската телевизија ТВ2.

Начевски долги години извршува високи функции во ИХФ и ЕХФ, а во минатото беше еден од најдобрите ракометни судии.  Сега тој се сомничи за учество во местење на ракометни натпревари.

Според ТВ2, која има видео и аудио докази, Македонецот имал состанок со наводен бизнисмен на кој се разговарало за влез на кинески тим во СЕХА-лигата. На состанокот се зборувало и за местење натпревари. Начевски повеќе од еднаш одбил да учествува во такви нелегални активносто, но не се дистанцирал доволно од темата и затоа испраќал погрешни сигнали со оглед на неговата функција како член на Натпреварувачката комисија, се вели во дел од соопштението на ЕХФ.

Според данската телевизија, се споменува и дека Драган Начевски, наводно, преку второ лице побарал поранешен судија да намести натпревар.

Начевски во писмо до ЕХФ ги демантира сите обвинувања дека бил дел од било какви местенки. Бидејќи седиштето на Европската куќа на фудбалот се наоѓа во Виена, доказите сега се предадени во австриската полиција, која ќе ја води истрагата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе