Спорт Фудбал

Белингам од следната недела ќе биде нов играч на Реал Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џад Белингам е близу до трансфер во Реал Мадрид. Младиот Англичанец речиси ги договорил личните услови со шпанскиот гигант, а за комплетирање на трансферот се чека само последното коло во Бундеслигата, каде Борусија се бори за титулата.

„Кралевите“ ќе платат обештетување од 100 милиони евра, плус бонуси за талентираниот фудбалер од средниот ред, а договорот ќе биде до јуни 2029 година.

За Белингам имаше интерес и од англиските гиганти како Манчестер сити и Ливерпул, но желбата на самиот фудбалер била да потпише за Реал Мадрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе