На третиот ден од Отвореното првенство на Македонија ќе настапат членовите на нашата Дејвис куп репрезентација, Калин Ивановски и Берк Бугариќ.
Македонскиот дубл во првото коло ќе се соочи со индиската комбинација Пурав Раџа и Диивиџ Шаран, а мечот треба да почне околу 13 часот и 30 минути и ќе се игра на централниот терен на ТК Југ во Градскиот парк.
Љубителите на тенисот имаат уште една можност да им дадат поддршка на нашите тенисери во обидот да се изборат за пласман во втората рунда.
Програмата на централниот терен се отвора во 11 часот со дуелот меѓу Дино Призмиќ од Хрватска и вториот носител Евгениј Донској, а потоа следува и соочувањето Азиз Дугаз – Филип Кристијан Јиану.
ФОТО: Игор Паневски