Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се враќа во прволигашката конкуренција. „Црвено-црните попладнево убедливо го совлада градскиот ривал Скопје со 3:0 (1:0) во баражот за место во елитната конкуренција што се одигра во Кавадарци.
Двоен стрелеци за Вардар беше Дарко Размоски во четвртата минута и во 49-та минута, стрелец на третиот гол беше Дарко Глишиќ во 59-та минута.
Покрај Вардар, прволигашка промоција претходно осигураа и екипите на Воска и на Гостивар, додека прилепска Победа се пресели во Втора лига.
Шампионската титула во прволигашката конкуренција ја освои Струга, трофејот во Купот го одбрани Македонија Ѓорче Петров, а настап во европските купови обезбедија и Шкупи и Шкендија.
