Спорт Фудбал

Катарците не се откажуваат од Манчестер Јунајтед

Само неколку дена по најавата дека британскиот милијардер Џим Ретклиф има големи шанси да преземање на Манчестер Јунајтед, медиумите во Велика Британија пишуваат за последната понуда од страна на шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани.

Иако се уште нема официјална потврда шеикот Ал Тани покрај сумата од пет милијарди фунти за купување на 100 проценти од акциите на клубот понудил дека ќе ги исплати сите долгови на Манчестер Јунајтед плус дека ќе вложи 800 милиони фунти во подобрување на инфраструктурата.

Овие нови моменти дополнително ја компликуваат ситуацијата околу донесување на конечната одлука, но и ја загрозуваат позицијата на Ретклиф.

Имено првиот човек на компанијата ИНЕОС наводно веќе имал договор со Џоел и Аврам Глејзер да го купи мнозинскиот пакет на акции, а на семејството да му остави 20 проценти од акциите.

Токму Аврам и Џоел се двајцата членови на семејството Глејзер кои не сакаат целосно да се откажат од клубот и поради тоа за нив е понудата на Ретклиф е далеку попримамлива од онаа на шеикот Ал Тани.

Според последните најави конечната одлука за новиот сопственик на Манчестер Јунајтед ќе биде позната до крајот на овој месец.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе