Спорт Фудбал

Бонучи следното лето ја завршува кариерата

Капитенот на Јувентус и член на репрезентацијата на Италија, Леонардо Бонучи најави дека на крајот од следната сезона ќе стави точка на богатата кариера.

Триесет и шест годишниот дефанзивец скоро две децении е на големата сцена и настапуваше за Интер, Тревизо, Пиза, Џенова, Бари, Милан, а во два периоди беше дел од Јувентус.

Со Старата дама Бонучи има осум шампионски титули, а минатата недела против Севилја го одигра 500 натпревар во црно-белиот дрес.

Бонучи беше еден од стандардните во репрезентацијата на Италија и за националниот тим има 120 настапи, а беше дел од Азурите кои пред две години триумфираа на Европското првенство.

Бонучи со Јувентус има договор до крајот на следната сезона по што дефинитивно се повлекува од професионалниот фудбал.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе