Спорт Тенис

Ивановски ќе се бори за два трофеи во Србија

Калин Ивановски во пресрет на ИТФ турнирот во Скопје што ќе се одржи од 21 до 28 мај игра во одлична форма.

Македонскиот најдобар тенисер на турнирот во Куршумлиска бања ќе се бори за два трофеи.

Во поединечна конкуренција тој денеска во два сета со 7:5 и 6:2 го совлада четвртиот носител Украинецот,  Олександар Овчаренко и утре за титулата ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Клемен Табур од Франција и Италијанецот, Самуел Винсент Руџери.

Попладнево Ивановски заедно со противникот во полуфиналето Овчаренко во игра на двојки во финалето ќе се сретне со белоруската комбинација Андреј Шепелев – ММикалај Халиак.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе