Спорт Фудбал

Манчестер Јунајтед бара замена за Де Хеа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг во текот на летниот преоден можеби ќе биде принуден да бара решение и за голманската позиција со оглед на фактот дека Давид Де Хеа на крајот од сезоната ќе има статус на слободен играч.

Шпанскиот интернационалец се уште не решил дали да ја продолжи соработката со Црвените ѓаволи и се очекува дека тој во текот на летото ќе ја смени средината.

Во Манчестер Јунајтед имаат повеќе варијанти за прв избор на голманската позиција, а како најсериозен кандидат за преселба на Олд Трафорд се смета репрезентативецот на Англија, Џордан Пикфорд.

Дваесет и девет годишниот Пикфорд со Евертон има договор до 2024 година и во Јунајтед сметаат дека клубот од Ливерпул нема да бара големо обештетување за предвремен раскин на соработката.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон заврши во првото коло

Sportska Redakcija

(Фото) Ѓорчевска стартува против Анисимова

Kristina Kuzmanovski

Германија и Холандија елиминирани по пенал-драми на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе