Спорт Фудбал

Биелса нов селектор на Уругвај

Марсело Биелса во следниве три години ќе седи на клупата на фудбалската репрезентација на Уругвај.

Шеесет и седум годишниот Аргентинец со националната федерација потпиша договор кој важи до крајот на Светското првенство што ќе се одржи во 2026 година и на кормилото на репрезентацијата ќе го наследи Диего Алонсо кој поднесе оставка откако Уругвај беше елиминиран во првата фаза од Светскиот куп во Катар.

Биелса по трет пат во кариерата ќе биде на чело на една репрезентација откако во периодот од 1998 до 2004 ја предводеше Аргентина, а потоа од 2007 до 2011 беше селектор на Чиле.

Легендарниот аргентински тренер по нешто повеќе од една година од заминувањето од Лидс успеа да најде нов ангажман.

Претходно тој работеше во Велез Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј, Лацио и Лил.

Биелса на новата функција треба да дебитира веќе во текот на следниот месец кога Уругвај ќе одигра контролни натпревари со Никарагва и Куба.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Официјално: Жиру го напушта Милан и продолжува во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе