Филмови

ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА – петок, 12 мај 2023 – 22:15

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра на семејната фарма која е на работ на затворање. Еден ден ќе влезе во шталата и ќе ја најде како се крие озлогласената ограбувачка на банки, разбојничката Алисон Велс.

Таа е повредена, а нему веднаш му паѓа на памет идејата да ја предаде и да ја заме наградата за нејзината глава и така да ја спаси семејната фарма. Сепак, тој открива дека таа е многу повеќе од она што властите тврдат дека е и кога ќе побара помош од него, тој ќе ја ислуша нејзината приказна и ќе сфати дека мора да и помогне, без разлика што велат властите.  Јуџин ќе заљуби во убавата одметничка и со автомобилот на неговиот очув ќе тргне во бегство заедно со неа, со цел да стигнат до Мексико каде можеби живее и вистинскиот татко на Јуџин.

За да обезбедат пари за пат, ќе се обидат да ограбат банка, но работите ќе тргнат на полошо, ќе се случи уште едно убиство, а потерата ќе им биде зад петици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БИТКА СО ДРОИДИТЕ – петок, 17 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ДОМИНО-недела, 19 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

НИЧИЈА ЗЕМЈА-сабота, 18 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе