Кошарка Спорт

Јокиќ испиша нова историја, но Феникс израмни на 2-2

Феникс максимално го искористи домашниот паркет за да израмни на 2-2 против Денвер и покрај фантастичната игра на Никола Јокиќ. Двете ѕвезди на Санс, Девин Букер и Кевин Дурент постигнаа по 36 поени во победата од 129-124. Јокиќ имаше фантастични 53 поени и 11 асистенции и од натпревар во натпревар испишува нова историјата. Србинот стана првиот центар во НБА-лигата со најмалку 50 поени и 10 асистенции на еден плејоф натпревар. Петтиот натпревар од серијата се игра во Денвер.

Во Источната конференција исто така е 2-2 помеѓу Филаделфија и Бостон. Сиксерс синоќа славеа со 116-115 по едно продолжение. Џејмс Харден имаше 42 поени за домашниот тим меѓу кои и решавачката тројка во дополнителното време. Жоел Ембид имаше 34 поени и 13 скока за Сиксерс. Кај Селтикс, Џејсон Тејтум имаше 24 поени и 18 скока, Џејлен Браун имаше еден помалку, а Маркус Смарт реализираше 21 поен. Следниот натпревар е во Бостон.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Жиру го напушта Милан и продолжува во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Дејан Дејан

РФМ: Благодарност до цела македонска ракометна јавност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе