Кошарка Спорт

Јокиќ испиша нова историја, но Феникс се радуваше на победата

Девин Букер и Кевин Дурент беа незадржливи во редовите на Феникс, кој славеше против Денвер со 121-114 за да намали на 2-1 во полуфиналната плеј-оф серија во Западната конференција.

Букер имаше 47 поени, додека Дурент 39 во редовите на Санс, кои знаеја како да го искористат домашниот паркет. Никола Јокиќ за Нагетс имаше 30 поени, 17 скока и 17 асистенции и испиша нова историја во НБА-лигата, како првиот играч со најмалку 25 поени, 15 скокови и 15 асистенции во еден плеј-оф натпревар. Следната четврта средба помеѓу овие два тима се игра повторно во Феникс.

Во Источната конференција, Бостон го врати брејкот против Филаделфија и славеше на гостински паркет со 114-102 за да поведе со 2-1 во меѓусебната серија.

Џејсон Тејтум имаше 27 поени, а Џелјен Браун 23 во редовите на Селтикс, додека кај Сиксерс, Жоел Ембид реализираше 30 поени и 13 скока, а Џејмс Харден заврши со 16 поени и 11 асистенции. Следниот натпревар повторно е во Филаделфија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе