Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви донел одлука дека доколку капитенот Хари Кејн реши да си замине од клубот не може да потпише договор со некој клуб од Англија.
Реакцијата на Леви доаѓа како последица на најавата дека најефикасниот фудбалер во историјата на лондонскиот клуб летово сака да ја смени средината, а интерес за него покажаа Манчестер Јунајтед и Челзи кои се подготвени да го платат бараното обештетување од 100 милиони фунти.
Според оваа одлука на Леви во трката за Кејн би останал Баерн кој се уште не потврдил дали сака да ја плати бараната сума, кој беше причина за повлекување од трката за трансферот на англискиот репрезентативец од страна на Барселона и Реал Мадрид.
ФОТО: Игор Паневски
