Агрон Речи и официјално стапува на функцијата државен правобранител на Република Северна Македонија откако вчера на владина седница пред премиерот и министрите дал заклетва дека ќе работи совесно, чесно и одговорно, согласно Уставот и законите. Речи досега беше државен правобранител во подрачната единица во Охрид, а за државен правобранител на Република Северна Македонија беше именуван на владина седница пред една недела и доаѓа на местото на Фехми Стафа.
Речи по професија е дипломиран правник и според наведеното во неговата биографија, има долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.













