Спорт Фудбал

ПСЖ го продава Нејмар: Следува трансфер во Челси?

Нејмар нема иднина во таборот на ПСЖ и во летниот преоден рок ќе биде ставен на трансфер-листа. Дел од англиските медиуми веќе шпекулираат дека Челси ќе биде најзаинтересиран за неговите услуги доколку навистина биде достапен за трансфер.

На „Стемфорд Бриџ“ летово ќе има голема чистка и се очекува да си заминат најмалку 8 фудбалери, за да се направи место за нови засилувања. Нејмар сигурно ќе биде интересна опција за ко-сопственикот на тимот Тод Боели, кој изминатава сезона покажа дека не жали пари за трансфери.

Нејмар и натаму го држи трансфер-рекордот откако ПСЖ на Барселона и плати 222 милиони евра за неговите услуги во летото 2017 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе