Вести Македонија Најважни

Османи: Никогаш не сум дал изјава што може да е навреда

Денеска се одржа подготвително рочиште по тужбата за Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Основниот суд во Скопје од страна на Македонското меѓународно движење за човекови права кои го обвинуваат за навреда и клевета. Тужбата се однесува за изјава  дадена во октомври за бугарската БТВ во која Османи изјавил дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград и посочил дека токму Македонското меѓународно движење е еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград…

Од МНР за Макфакс денеска соопштија дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, нема да се појави бидејќи според него тужбата е неоснована. Додаваат дека Османи не добил ниту покана за рочиште, оти станува збор за подготвително каде присуствуваат само адвокати… На следното рочиште закажано за 29ти мај предвидено е министерот да биде поканед и да се појави на суд за да даде исказ за случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе