Иако се сметаше дека Луис Енрике е најсериозен кандидат за преземање на менаџерската функција во Челзи, поранешниот шпански селектор сепак нема да седне на клупата на тимот од Стемфорд бриџ.
Британските медиуми пишуваат дека Луис Енрике бил разочаран од одлуката на водечките луѓе во клубот да го именуваат Френк Лампард за привремено решение иако тој во преговорите бил подготвен веднаш да ја преземе функцијата.
Тој потег на раководството на Челзи го разочарал шпанскиот тренер и дефинитивно се откажал од намерата да ги продолжи разговорите за евентуален ангажман по завршувањето на сезоната.
Според тоа единствен кандидат за менаџерската функција останува Јулијан Нагелсман кој неодамна доби отказ во Баерн и сега може да бара нов ангажман.
ФОТО: Игор Паневски
