Кошарка Спорт

Мајами и Минесота се пласираа во разигрувањето за титулата

Познати се сите четвртфинални двојки во разигрувањето за шампионската титула во НБА лигата.
Мајами го совлада Чикаго со 102:91 и во првата рунда ќе се сретне со Милвоки. Макс Штрус мечот го заврши со 31 поен и шест скока, Џими Батлер додаде 31 поен и пет освоени топки под обрачите додека Тајлер Хиро имаше 12 поени, осум скока и седум асистенции.Во поразениот тим ДеМар ДеРозан забележа 26 поени и девет додавања, а Алекс Карузо беше стрелец на 16 поени.

Минесота триумфираше над Оклахома со 120:95 и закажа дуел со Денвер. Шај Гиглаус Александер имаше учинок од 22 поени и седум освоени топки, Лугенц Дорт впиша 17 поени и осум скока, а Џејлен Вилијамс постигна 17 поени. На спротивната страна Кал Ентони Таунс имаше 28 поени и 11 освоени топки додека Руди Гобер забележа 21 поен и 10 скока.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе