Спорт Фудбал

Коло Муани посакува трансфер во Баерн

Францускиот репрезентативец Коло Муани ќе биде една од ѕвездите на претстојниот летен преоден рок.

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт се наоѓа на листата на желби на неколку клуба од Европа, но тој според последните информации посакува кариерата да ја продолжи во минхенски Баерн.

Сепак за да се реализира неговата желба потребно е двата клуба да најдат заеднички јазик околу висината на обештетувањето.

Ајнтрахт за предвремен раскин на соработката инсистира на сум од 100 милиони евра додека Баварците се подготвени да платат нешто повеќе во однос на пазарната цена која изнесува 65 милиони.

Коло Муани сезонава игра во одлична форма и на 38 настапи во сите конкуренции тој има учинок од 19 гола и 14 асистенции.

Покрај Баерн интерес за 24-годишниот фудбалер покажа Манчестер Јунајтед, а целата ситуација од втор план ја следи Реал Мадрид.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Еурофарм Пелистер прв финалист во Купот

Дејан Дејан

Каратистите на клубот „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе