Спорт Фудбал

Сто милиони евра за Мурињо да го води Ал Наср

И покрај најавите дека Жозе Мурињо и во следната сезона ќе седи на клупата на Рома, Португалецот доби 100 милиони причини за заминување од италијанската престолнина.

Неофицијално Мурињо има желба повторно да се врати во Челзи, но сега во неговите планови се вмеша Ал Наср кој би сакал тој да ја преземе екипата и за две годишна соработка му нуди сума од 100 милиони евра.

Клубот од Саудиска Арабија за кој настапува Кристијано Роналдо вчера му врачи отказ на Руди Гарсија и доколку Мурињо реши да ја прифати понудата тој ќе биде најдобро платен тренер во историјата на фудбалот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе