Иако се најавуваше дека Славен Билиќ е на прагот да ја преземе селекторската функција во репрезентацијата на Украина, сепак хрватскиот стручњак најверојатно ќе се врати во Турција.
Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган потврди дека се преговара со поранешниот селекторот на Хрватска, кој по отказот во Вотфорд е без ангажман.
Првиот човек на клубот за кој настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди потенцираше дека разговарал и со Серген Јалчин, а во конкуренција биле уште неколку кандидати.
Билиќ веќе има искуство со работа во Турција бидејќи пред осум години седеше на клупата на Бешикташ.
ФОТО: Игор Паневски
