Филмови

МИСИЈА – петок, 14 април 2023 – 16:15

Јужна Америка, 18 век. Две големи колонијални сили, Шпанија и Португалија, се натпреваруваат за превласт над домородците. Нивната империјалистичка природа гледа можност за трговија со робови и со природните ресурси на Индијанците, а од друга страна, језуитските мисионери сакаат да ја воспостават својата религија и култура. Мендоза (Р. Де Ниро), ја носи идејата за освојувач и кога заради својата сакана сопруга го убива својот помлад брат Фелипе, тој оди во мисијата каде што отец Габриел (Џ. Ајронс) го пречекува да го откупи неговите гревови и искупи за неговото злосторство служејќи во мисијата. Со текот на времето, Мендоза ја гледа убавината на начинот на живот на Индијанците, ги прифаќа и набрзо станува борец за нивните права. Мисионерите сонуваат за општество во кое крстените домородци ќе живеат во хармонија со Шпанците и Португалците, но колонијалните водачи ја сметаат оваа можност опасна и се залагаат за потчинување на домородците и сакаат да ја уништат мисијата …

Филмот беше номиниран за Оскар за режија, монтажа, музика, костимографија и кинематографија, а престижната награда му припадна на директорот на фотографија Крис Менгес; филмот исто така освои неколку Златни глобуси, БАФТА награди и ја освои Златната палма во Кан и многу други.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БИТКА СО ДРОИДИТЕ – петок, 17 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ДОМИНО-недела, 19 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

НИЧИЈА ЗЕМЈА-сабота, 18 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе