Ракомет Спорт

РФМ предвиде награда од 40.000 евра за ракометарките

Женската ракометна репрезентација на Македонија во следниве денови ги игра двата бараж дуели против селекцијата на Украина и има голема шанса да се пласира на Светското првенство кое кон крајот на годината ќе се одржи во Шведска, Норвешка и Данска.

На предлог на претседателот на Ракометната федерација, кој беше прифатен од членовите на Управниот одбор за пласман на Мундијалот, репрезентативките ќе бидат наградени со 40.000 евра.

“ЕП беше големо искуство за нашите репрезентативки, кои не беа подготвени ни за публицитетот што го добија. Квалитет имаме, го покажавме тоа со доброто прво полувреме против Романија, секако недостигаше искуство за радост на крајот. Како федерација не радува растот на младинските репрезентации и му благодариме на селекторот Савевски за целокупниот ангажман. Сега фокусот треба да биде на двомечот со Украина, посебно би било важно ако успееме да се пласираме на едно СП бидејќи тоа би било ветер во грб, младите ракометарки да добијат искуство од уште едно големо натпреварување и да се мотивира еден уште поголем прогрес на женскиот ракомет”, истакна претседателот на федерацијата, Живко Мукаетов.

Натпреварот против Украина во Скопје се игра в сабота со почеток во 19 часот, а влезот во арената Борис Трајковски за сите заинтересирани е бесплатен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе