Поранешниот селектор Луис Енрике и натаму е првиот избор на челниците на Челзи за менаџерската функција.
Иако на листата на потенцијални кандидати е вметнат Френк Лампард, единствената причина за објавување на оваа информација е податокот дека клупската легенда вчера беше на трибините на Стемфорд бриџ и го следеше дербито против Ливерпул.
Луис Енрике и натаму ја има пол позиција за менаџерската функција, а потврда за тоа е и веста дека тој веќе имал средба со претседателот Тод Боели.
Според медиумите во Англија, Шпанецот имал три услови под кои би ја прифатил понудата.
Првиот е да му се даде малку време да ја формира екипата и веднаш да нема притисок за врвни резултати.
Луис Енрике побарал и намалување на бројот на играчи кои би ги имал на располагање бидејќи неговиот систем на работа не функционира со голема бројка на фудбалери.
Последната се вбројува меѓу стандардните, а тоа е интервенција во играчкиот кадар и ангажирање на соодветни засилувања пред се во средниот ред и нападот.
ФОТО: Игор Паневски
