Случувањата се на средниот запад на САД во раните 2000-ти. Шеснаесетгодишната Алис отсекогаш била добра католичка девојка, но по еден разговор на интернет таа се возбудува и ќе почувствува вина заради тоа. Барајќи искупување за сторениот грев, таа оди во камп за религиозно испосништво во обид да ги потисне нејзините нагони. Тоа не е лесно, особено откако слаткото момче почнува да флертува со неа. Чувството на срам кај Алис се зголемува кога открива шокантна вистина за најпобожните во кампот. Очајна и збунета, таа бега и запознава неверојатна сојузничка која ѝ нуди алтернативен поглед за тоа што значи да се биде добар. За прв пат, Алис сфаќа дека може сама да одлучи во што да верува и конечно го добива ослободувањето што ѝ треба.
ДА, БОЖЕ, ДА – сабота, 08 април 2023 – 19:35
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
