Новиот тренер на Баерн, Томас Тухел би сакал во текот на летниот преоден рок да го ангажира германскиот репрезентативец од Челзи, Каи Хаверц.
Еден од приоритетите на Тухел е засилување на нападот, а токму ангажирањето на Хаверц се смета за идеално засилување за овој сегмент од екипата.
Дваесет и три годишниот Хаверц со Челзи има договор до 2025 година, а дополнителен проблем за реализацијата на желбата на Тухел е висината на откупната клаузула која во моментов изнесува 118 милиони евра.
Покрај Баерн за младиот германски репрезентативец интерес покажува и Реал Мадрид кој исто така смета дека Хаверц би бил одлично засилување за напаѓачката линија на Кралскиот клуб.
ФОТО: Игор Паневски
