Спорт Фудбал

Луис Енрике има понуди за преселба во Англија и Италија

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике во моментов е без ангажман, но се чини дека веќе од ова лето тој ќе има нов клуб.

За некогашниот предводник на Барселона има голем интерес, а на долгата листа клубови кои би сакале да го видат на својата клупа се наоѓаат познати имиња од Англија и Италија.

Во еден момент како најверојатна опција се споменуваше Тотенхем, но постоеше и варијанта дека тој може да го преземе Манчестер Сити под услов на крајот од сезоната Жозеп Гвардиола да се повлече од функцијата.

Последен на листата клубови од Премиер лигата е Челзи, кој во последно време интензивно е во потрага по наследник на Грем Потер.

Интерес за Луис Енрике има и од Италија. Тој во моментов е на листата на желби на три клуба. Како најверојатни опции се споменуваат Интер и Јувентус, а можноста да ја преземе Рома пропадна откако Жозе Мурињо најави дека останува на чело на екипата од италијанската престолнина.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе