Спорт Фудбал

УЕФА му изрече казна на Ајнтрахт Франкфурт

Дисциплинската комисија на УЕФА за нередите што ги предизвикаа навивачите на Ајнтрахт Франкфурт низ улиците на Неапол пред реваншот од осмина финалето во Лигата на шампионите, но и за инцидентите за време на првиот дуел на германскиот клуб му изрече казна од 70.000 евра.

Дополнително УЕФА реши делумно да затвори дел од трибините на стадионот во Франкфурт и тоа на местата каде се наоѓаат најверните навивачи.

Покрај Ајнтрахт казнет е и Нант кој за користење на пиротехника и влегување  на теренот на реванш мечот со Јувентус во Лига Европа ќе мора да плати 66.000 евра.

Францускиот клуб исто така е казнет и со затворање на дел од трибините за следниот дуел во европските клупски натпреварувања.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе