Ракомет Спорт

Савевски одбра 20 ракометарки за баражот со Украина

Селекторот на македонската женска репрезентација, Љубомир Савевски го објави скратениот список на ракометарки кои ќе бидат во конкуренција за бараж дуелите со Украина за пласман на Светското првенство.

предводникот на националниот тим се реши на подготовките во Скопје на располагање да има 20 ракометарки, а по подолга пауза во составот се враќаат Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова кои последните настапи ги пропуштија поради повреди.

Нови имиња во репрезентацијата се Катерина Дамјаноска, Амра Терзиќ, Бојана Диневска и Бојана Коцева.

Собирот е закажан за в понеделник, а мечевите со Украина ги играме на осми април во Скопје и три дена подоцна на неутрален терен во Унгарија.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ

Елена Ѓорѓиевска (Магура, Романија), Сара Ристовска (ЦСКА, Русија), Јована Мицевска (Ница, Франција), Јована Саздовска (Дунареа, Романија), Сања Дабевска (ПАОК, Грција), Јована Кипријановска (Самбре, Франција), Драгана Петковска (Макаби Ришон, Израел), Леонида Гичевска (Безансон, Франција), Моника Јанеска (Коњалти, Турција), Ивана Гакидова (Коњалти, Турција), Амра Терзиќ (Металург), Бојана Диневска (Вардар), Теодора Дукоска (Ѓорче Петров), Ивана Џатевска (Вардар), Катерина Дамјаноска (Ѓорче Петров), Милица Николиќ (Ѓорче Петров), Ангела Јанкуловска (Ѓорче Петров), Бојана Коцева (Вардар), Ивана Арсениевска (Металург), Ива Младеновска (Металург)

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе