Барлет Џафери, Албулена Абази, Симона Бубевска Муцунска, Биљана Иванова. Ова се само дел од познатите имиња на идни судии и обвинители кои денеска ги добија дипломите, а наскоро ќе седнат во судниците. Едните ќе гонат криминал, други ќе судат во името на граѓаните и пред очите на јавноста. Но, на свеченоста беше поканета само државната агенција МИА. Телма дозна за настанот и присуствуваше. Директорката на Академијата, Наташа Габер одлучила да ја повика само државната агенција МИА, бидејки биле претплатени на агенцијата и проценила дека салата во Врховен нема доволно место.
Телма побара изјава од синот на собранискиот спикер Талат Џафери кој со месеци е во центарот на вниманието поради тоа што го полагал правосудниот испит предвреме, односно без соодветна диплома за што алармираше Антикорупциската комисија. Тој рече дека не сака на свечесност да дава изјави, но нè уверуваше дека во иднина ќе се огласи за сите контроверзи.
Пред идните судии и јавни обвинители говори одржаа првите луѓе во правосудството. Порачаа дека се потребни независни професионални и компетентни судии и обвинители кои ќе придонесат за зголемување на довербата на граѓаните во правосудството.
Оваа генерација на академци од запишувањето во Академијата го привече вниманието на јавноста поради звучните имиња и презимиња на деца, сопруги, снаи и други роднини на политичари, судии и јавни обвинители.
Елена Ивановска Мукоска