Спорт Тенис

Триумф на Алкараз и Рибакина во Индијан Велс

Карлос Алкараз и Елена Рибакина се победници на првиот турнир од Мастерс серијата што се одржа во Индијан Велс.

Шпанскиот тенисер во финалето со 6:3 и 6:2 го совлада Данил Медведев и повторно се врати на лидерската позиција на АТП листата.

За Алкараз ова е осма титула во кариерата и до трофејот стигна без загубен сет со што го повтори подвигот на Роџер Федерер од 2017 година.

За Медведев ова беше 31-во финале во кариерата, но остана на 13. титула, а воедно беше прекината неговата триумфална низа во 2023 година.

Кај дамите славеше Елена Рибакина од Казахстан која во финалето беше поуспешна од Белорусинката совладувајќи ја со 7:6 и 6:4.

Рибакина во репризата од финалето во Мелбурн се реваншираше за поразот и стигна до четвртиот трофеј во кариерата.

За Сабаленка ова е само втор пораз во 19 настапи во досегашниот тек од сезоната и не успеа да стигне 13-от ВТА триумф во кариерата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе