Спорт Фудбал

Здравковски: Да одиграме најдобро што можеме и да стигнеме до победа

Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за претстојниот квалификациски дуел против Малта, а четири дена подоцна не очекува и контролно соочување со Фарските острови.

Селекторот Благоја Милевски на првиот тренинг поради обврски кон клубовите ги немаше на располагање сите фудбалери, но тука беше единствениот дебитант во националниот тим, Давор Здравковски.

“Голема чест и задоволство е да се биде дел од репрезентацијата, секој млад фудбалер сонува да биде повикан во националниот тим. Чест и задоволство ми е да сум тука и секако дека сум да се ставам во функција на тимот и барањата на тренерот. Ова е прв натпревар во овој циклус, но Македонија секогаш има една цел, а тоа е да постигнеме позитивен резултат и доколку одиграме онака како што знаеме на крајот очекувам победа”, рече поранешниот член на селекцијата до 21 година.

Македонија е фаворит во дуелот со Малта, но во нашиот состав никој не се сомнева дека овој циклус ќе го отвориме со победа.

“Се разбира дека имаме притисок, но тоа значи и дека сега имаме поголем предизвик за да одиграме најдобро што можеме и квалификациите да ги отвориме со победа”, заврши Здравковски.

Натпреварот против Малта се игра на 23 овој месец на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе