Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Д-р Горан Беговиќ

/

Македонија

Сподели преку :

Со огромна болка и жалење ја информираме јавноста дека предводниот на правата на белите мантили, нашиот Претседател Д-р Горан Беговиќ, субспецијалист хирург, кој извојува огромен број на битки за подобри услови за работа на лекарите и целокупниот медицински персонал, вчера почина.

Придонесот што, Д-р Горан Беговиќ, го даде во Синдикатот на Клинички центар, но и во делот на унапредување на работничките права низ годините е огромен и не може да се опише со зборови.

Во изминатите години безрезервно се бореше за подобри услови и зачувување на јавниот здравствен систем и негово унапредување, целосно се вложуваше во спроведување на колективниот договор, го потпиша и анексот за зголемување на коефициентот за покачување на платите, а никогаш не дозволуваше кршење на работничките права на медицинарите и останиот персонал.

Погребот ќе биде утре (19.03.2023) во 12.30 часот во Бутел.

Jumbo 2