Спорт Фудбал

Луис Енрике продолжува во Премиер лигата

Поранешниот селектор на Шпанија и предводник на Барселона, Луис Енрике во моментов е без ангажман, а медиумите во Англија најавуваат дека тој е на најдобар пат кариерата да ја продолжи на Островот.

Во моментов тој се смета за прв кандидат за наследник на Антонио Конте на клупата на Тотенхем. Италијанецот дефинитивно си заминува од клубот и ги разгледува понудите на Јувентус и Интер, а Луис Енрике наводно веќе ги имал и првите контакти со челниците на екипата од Лондон.

Луис Енрике во еден момент се поврзуваше и можно преземање на Атлетико Мадрид, но екипата предводена од Диего Симеоне успеа да се извлече од кризата и Аргентинецот и натаму ќе остане во клубот од шпанската престолнина.

Неофицијално Луис Енрике наводно имал понуда и од Ливерпул, а се шпекулира дека може да го преземе и Челзи.

Последен во низата клубови кои се интересираат за шпанскиот тренер е Милан, но тоа е опција која има најмалку шанси за реализација.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија досега три пати победила со +8 во бараж за СП, а еднаш и поубедливо

Desk

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе