Кошарка Спорт

Босна и Херцеговина се повлече од квалификациите за Париз 2024

Кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина донесе одлука да се повлече од квалификациите за евентуален пласман на Летните олимписки игри.

Во Федерацијата проценија дека за подготовки на репрезентацијата ќе се потрошат многу пари, а финансиската состојба е катастрофална плус како образложение се даде фактот дека во периодот кога ќе се играат претквалификациите селекторот нема на располагање да ги има најдобрите играчи.

“Повеќе причини влијаеа врз оваа одлука. Првиот е финансиски, а потоа и фактот дека не е реално да очекуваме дека ќе располагаме со сите кошаркари”, изјави претседателот на Сојузот, Далибор Милош.

Селекторот Адис Беќирагиќ процени дека ќе се соочи со многу откази од играчите бидејќи во текот на летото кога се предвидени претквалификациите поголемиот дел од кошаркарите ќе бидат на одмор и наместо учество на некој од турнирите планира да се одржи камп на кој ќе бидат повикани играчи на кои ќе може да смета во иднина.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе