Спорт Фудбал

Манчестер Јунајтед повторно ќе патува во Андалузија

Познати се четвртфиналните двојки во фудбалската Лига Европа.

Манчестер Јунајтед и во третата елиминациска рунда ќе мора да се соочи со претставник од Шпанија, а овој пат противник е најтрофејниот тим во ова натпреварување, Севилја.

За составот од Олд Трафорд ова ќе биде ново гостување во Андалузија откако претходно го елиминираше Бетис сега ќе се сретне со градскиот ривал, а во првото коло од втората фаза Јунајтед беше поуспешен од Барселона.

Јувентус за место во полуфиналето ќе игра против Спортинг Лисабон, Унион СГ по триумфот над Унион Берлин сега го чека нов германски предизвик и соочување со Баер Леверкузен.

И во последното четвртфинале ќе гледаме реприза од минатогодишното финале во Конференциската лига во кое се среќаваат Рома и Феенорд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе