Спорт Фудбал

Барселона има проблем со новиот договор на Дембеле

Поради лошата финансиска ситуација и големите долгови Барселона не само што не може да ангажира нови фудбалери туку не може да ги верификува и продолжените договори со играчите од сегашниот состав.

Минатото лето Усман Дембеле ја продолжи соработката со Каталонците на две години, но со оглед на големиот интерес за него, раководството на клубот сака да го задржи на подолг рок, но поради проблемите со финансискиот фер плеј тоа не може да се случи се додека буџетот за плати не ослободи за сума од 200 милиони евра.

Откупната клаузула во актуелниот договор е 120 милиони евра, но таа може драстично да се намали со оглед на фактот дека влегува во завршната година од договорот, а веќе следната тој ќе има статус на слободен играч.

Токму поради тоа Барселона сака да го обврзе на подолг рок и да ја зголеми висината на клаузулата за откуп.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе