Спорт Фудбал

Манчестер Јунајтед плаќа 120 милиони за Коло Муани

Еден од приоритетите на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок е засилување на напаѓачката линија.

Во изминатиов период се споменуваа неколку опции, но се чини дека најблиску до реализација е трансферот на Коло Муани кој оваа сезона игра во одлична форма.

Откако стана јасно дека 24-годишниот репрезентативец на Франција летово има реални шанси да ја смени средината Ајнтрахт Франкфурт објави дека е подготвен да ја прекине соработката која важи до 2027 година доколку неговиот иден клуб плати обештетување од 100 милиони евра.

Според пишувањето на медиумите во Германија, Ајнтрахт може и дополнително да заработи од трансферот на Коло Муани бидејќи во трката за негово ангажирање се вклучи и Пари Сен Жермен и се шпекулира дека сумата на крајот може да достигне и 120 милиони евра која била понудена од Манчестер Јунајтед.

Во моментов Коло Муани е четврти стрелец во Бундес лигата со 11 гола, а ако се земат в предвид сите конкуренции тој 16 пати се запишал во листата на стрелците и има 14 асистенции.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе