Повеќе од 100 пратеници во Европскиот парламент испратија писмо до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин да ја суспендира репрезентацијата на Белорусија од настапите во квалификациите за континенталниот шампионат што ќе се одржи во 2024 година.
УЕФА веднаш по агресијата врз Украина ја суспендираше Русија од сите клупски и репрезентативни настапи, но реши да и дозволи на Белорусија да биде дек од натпреварувањата, но мечевите да ги игра на неутрален терен и без присуство на гледачи.
Пратениците сметаат дека моменталните санкции врз Фудбалската асоцијација на Белорусија се неадекватни и дека оваа земја мора да има статус како и Русија бидејќи помага во агресијата врз Украина.
Белорусија во квалификациите за Европското првенство е дел од групата во која настапуваат уште Швајцарија, Израел, Романија, Косово и Андора.
Прв противник е Швајцарија, а мечот ќе се игра во Србија на 25 март. Белорусија и во минатото беше домаќин во Србија, но се сега ќе мора да бара нов терен за дуелот со Косово бидејќи оваа селекција не може да гостува на територијата на оваа земја.
ФОТО: Игор Паневски
