Вести Македонија Топ вести

(Видео) Борбата со корупција треба да е перманентна, велат адвокатите во Топ Тема, а институциите имаат доволно механизми

„Борбата со корупција треба да е перманентна. Мора да изградиме институции и сиситем кој превентивно ќе делува и ќе одвраќа од идејата дека неказниво ќе поминеш. Ака имаме јаки институции кои перманентно ќе се борат против корупцијата тогаш ќе се намали корупцијата“ – истакна Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора.

Тој потенцираше дека мора да се направи воспитно- образовен систем и децата од најмала возраст да се учат дека не треба да се даваат пари или услуги.

Според адвокатот Валентин Зафиров ако има воља кај извршната и законодавната власт тоа може да се реши. „Сега не гледат брз излез од оваа криза. За да тргне судството напред 20-30 години ќе му требаат“, рече тој.

Адвокатот Кадиев каже дека имаме недостаток на јавни обвинители и судии, но смета дека државните органи ги имаат алатките и ако има воља може да се постигне многу повеќе во борбата против корупцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе