Иако до почетокот на летниот преоден рок има уште скоро три месеци медиумите во Велика Британија пишуваат дека Ливерпул е на најдобар пат да ја добие битката за еден од најталентираните дефанзивци во Европа, Јошко Гвардиол.
Дваесет и едно годишниот стопер на Лајпциг по завршувањето на сезоната ќе добие дозвола од клубот да ја смени средината, но најголем проблем за сите заинтересирани е висината на обештетувањето кое во моментов изнесува 100 милиони евра.
Репрезентативецот на Хрватска во Лајпциг дојде од загрепски Динамо пред две години, а бундеслигашот за него плати 18,8 милиони што значи дека германскиот тим ќе има одлична заработка од следниот трансфер.
Сепак во Ливерпул се надеваат дека во преговорите ќе успеат да ја намалат цената и Гвардиол ќе пристигне Енфилд и ќе ја засили конкуренцијата во централниот дефанзивен ред каде во моментов целосно надвор од форма се сите играчи кои конкурираат за првиот тим.
Покрај Ливерпул за Гвардиол интерес покажуваат Манчестер Сити, Челзи и Реал Мадрид.
ФОТО: Игор Паневски
