Спорт Тенис

Ивановски победи на првиот настап во Поитје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по неколку неделна пауза повторно се врати на терените и во првиот настап на ИТФ фјучерсот во францускиот град Поитје успеа да се пласира во следната рунда.

На турнирот што се игра за награден фонд од 15.000 долари, Ивановски во меч што траеше 70 минути во два сета со 6:2 и 6:4 го совлада Чехот, Метју Вилијам Доналд.

Противник на Ивановски во осминафиналето ќе му биде Французинот, Александер Реко кој славеше над Николај Вјлегженин со 2:1 по сетови 7:5, 3:6 и 6:2.

Реко настап на турнирот обезбеди преку квалификациите и доколку успее да го елиминира во четвртфиналето ќе се соочи со петтиот фаворит Тристан Ламасин од Франција.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе