Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џад Белингам ова лето ќе биде една од ѕвездите на преодниот рок, а за младиот репрезентативец на Англија интерес покажуваат неколку великани на европскиот фудбал.
Белингам се поврзува со можен трансфер во Манчестер Сити или Ливерпул, но прв кој направил контакт со 19-годишниот фудбалер е Реал Мадрид, кој исто така би сакал да го види во своите редови.
Неофицијално, претставници на Кралскиот клуб деновиве допатувале во Германија каде имале средба не само Белингам туку и со неговото семејство.
Иако се уште нема официјална потврда Реал Мадрид начелно е согласен да го плати обештетувањето од 140 милиони евра што го бара Борусија за раскин на договорот кој важи до 2025 година.
ФОТО: Игор Паневски
