Барселона се повлекува од трката за ангажирање на Бернардо Силва откако уште пред почетокот на преговорите, Манчестер Сити ја одреди цената за репрезентативецот на Португалија.
Според некои медиуми во Шпанија, првакот на Англија за предвремен раскин на договорот побарал обештетување меѓу 70 и 80 милиони евра, сума што е превисока за Каталонците со оглед на фактот дека клубот се наоѓа во тешка финансиска ситуација.
Тренерот Чави очигледно ќе остане без посакуваното засилување во средниот ред и ќе мора да бара ново решение и да се обиде да ангажира фудбалер кој во јуни ќе има статус на слободен играч или би можел да дојде на Камп Ноу за помало обештетување.
Бернардо Силва има дозвола од Манчестер Сити да ја смени средината и сега за него во трка останува Пари Сен Жермен за кој бараното обештетување е прифатливо.
ФОТО: Игор Паневски
