Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да ангажира еден фудбалер кој ќе го засили нападот. Клубот од Олд Трафорд има две опции, а е подготвен и да го собори рекордот за најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал.
Прв избор на челниците на Манчестер Јунајтед е англискиот репрезентативец Хари Кејн. За сериозноста на околу реализацијата на трансферот доволно говори фактот што во клубот се подготвени да платат и сума повисока од 100 милиони фунти со што би го собориле рекордот на градскиот ривал кој за ангажманот на Џек Грилиш платија сума која во моментов е најголема кога станува збор за фудбалер од Англија.
Кејн со Тотенхем има договор со 2024 година, но се уште не е јасно дали тој сака да го напушти Лондон. Доколку опцијата со Кејн пропадне, алтернатива е Виктор Осимен од Наполи. Нигериецот има обврска до 2025-тата, а висината на откупната клаузула измесува 110 милиони фунти.
ФОТО: Игор Паневски
