Спорт Тенис

Свјонтек експресно во третото коло

Кај дамите на турнирот во Индијан Велс, првата фаворитка Ига Својнтек експресно за 66 минути препуштајќи и само еден гем на Клер Лиу стигна до третата рунда.

Каролин Гарсија по голема борба во три сета со 6:1, 6:7 и 6:4 славеше над Далма Галфи. Осмата носителка Дарија Касаткина ја елиминираше Танија Марија.

Фаворитката број 4, Онс Жабер беше поуспешна од Магдалена Фрех, а Елена Рибакина забележа победа во дуелот против Софија Кенин.

Настапот во Индијан Велс заврши за Медисон Кис која поради повреда мораше да го предаде мечот против Сорана Кристеа, а 12-тата носителка Људмила Самсонова беше совлада од Бернарда Пера.

Место меѓу 32-те најдобри обезбедија уште Бјанка Андрееску, Ема Радукану, Карлона Мухова  и Беатриз Хадад Маја.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Челси во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе