Втора година по ред Френки де Јонг ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок.
Откако минатото лето холандскиот репрезентативец јасно порача дека нема намера да си замине од Барселона и ја отфрли понудата за преселба во Манчестер Јунајтед овој пат тој е многу блиску до напуштање на Камп Ноу.
Манчестер Јунајтед се уште не се откажува од можноста да го доведе во своите редови, но овој пат ќе има жестока конкуренција во Челзи кој исто така сака да се засили со Холанѓанецот.
Барселона е расположена да ја прекине соработката со Де Јонг за да може да ја поправи финансиската ситуација и да отвори доволно простор во буџетот за плати за да ги ангажира планираните засилувања за следната сезона.
Де Јонг со Барселона има договор до 2026 година со откупна клаузула од 250 милиони евра, но Каталонците би се задоволиле и со тројно пониска сума.
ФОТО: Игор Паневски
