Поради лошата форма Хари Мегваер во текот на сезонава почесто е на клупата за резервни играчи, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок најверојатно ќе го напушти Олд Трафорд.
Во клубот очигледно никој нема против тој по завршувањето на сезоната да ја смени средината и според последните информации тој може да си замине, но под услов неговиот иден тим да плати обештетување од најмалку 80 милиони евра.
Француските медиуми пишуваат дека интерес за членот на репрезентацијата на Англија покажал Пари Сен Жермен, кој сака да го освежи дефанзивниот ред и според последните информации клубот до Манчестер Јунајтед испратил понуда вредна 57 милиони евра.
Наводно Пари Сен Жермен веќе преговарал и за личните услови под кои Мегваер би пристигнал во француската престолнина и нему му е понудена неделна плата од 226.000 евра.
ФОТО: Игор Паневски
