На женскиот дел од турнирот во Индијан Велс немаше поголеми проблеми за фаворитките.
Носителката број три, Џесика Пегула славеше со 3:6, 6:1 и 6:2 во дуелот против Камила Џорџи од Италија.
Шесто рангираната тенисерка Коко Гоф без многу проблеми со 6:2 и 6:4 ја елиминираше Кристина Буска од Шпанија.
Турнирот заврши за 18-тата фаворитка Екатерина Александрова која во два сета беше поразена од Шин Ју Ванг од Кина додека Линда Носкова од Чешка триумфираше над Аманда Анисимова.
Место во следната рунда обезбеди и Каролина Плишкова која по голема борба со 2:1 по сетови 2:6, 6:0 и 6:4 забележа победа во соочувањето против Ана Калинскаја.
ФОТО: Игор Паневски